Достапни линкови

Зголемување на безбедноста и квалитетот на прехрамбените производи


Воведувањето на ХАСАП стандардот подразбира зголемување на безбедноста и квалитетот на прехрамбените производи и поголема конкурентност на прехрамбените продукти на домашниот и странските пазари, тврдат експертите. Од први јануари годинава воведувањето на ХАСАП стандардот е задолжително. Трговците и производителите можат сами да обезбедат услови за примена на стандардот или да ангажираат стручни консултанти.

Михајло Евросимовски од „Евросимовски Консалтинг“ вели дека ХАСАП стандардот важи за сите трговски субјекти кои на било кој начин располагаат со храна.

,,Тука спаѓаат сите бурекџилници, пекари, сендвичари, ресторани, мали големи и било какви капацитети, оние кои ја дистрибуираат храната на нас клиентите и конзументите"

Главните ризици кои треба да се елиминираат по имплементација на ХАСАП системот се биолошки физички и хемиски опасности.
Официјална статистика за бројот на компании кои го примениле ХАСАП стандардот се уште нема. Според неофицијални податоци, до Нова година само 5 отсто од компаниите за кои важи ХАСАП го имаат имплементирано овој стандард. Евросимовски смета дека по воведувањето на стандардот како задолжителна обврска за трговците, интересот на компаниите за посигурно производство и чување на храната расте.
,,Значи ние сега за сега, да не се лажеме имаме правни субјекти кои што се оператори со храна но не ги исполнуваат основните, базичните барања, хигиенски барања за да можат да ја исполнуваат таа дејност"

Маркетинг експертите, пак, сметаат дека со имплементација на ХАСАП стандардот нема да се обезбеди само побезбедна храна за конзументите, туку ќе се овозможи и поуспешен пласман на македонските производи на странските пазари. Маркетинг експертот Синиша Пекевски тврди дека ХАСАП системот е пропусница за Македонските прехрамбени производи на странските пазари.

,,Странскиот купувач си бара одреден квалитет и стандард, за да го купи производот. Доколку немаме некаков стандард или гаранција дека производот што доаѓа од Македонија е со таков квалитет, фала богу дека не може да се продава"

За сега, надлежните нема да ги казнуваат трговците кои не го имплементирале ХАСАП стандардот, се` до први мај годинава.
XS
SM
MD
LG