Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш одбил тајно барање на Израел за напад на иранските нуклеарни капацитети


Американскиот Претседател Џорџ Буш минатата година го отфрлил тајното израелско барање за воздушпен напад врз главните ирански нуклеарни капацитети со американски бомби наменети за уништување бункери. Ова го пишува Њујорк Тајмс повикувајки се на високи американски и странски извори, според кои барањето дошло од израелскиот премиер Ехуд Олмерт кој барал бомби од Соединетите Држави и дозвола за напад врз иранскио нуклеарен капацитет Натанц. Според весникот, секретарот за одбрана Роберт Гејтс го убедил претседателот Буш дека таков напад врз Иран не би имал ефекти.
XS
SM
MD
LG