Достапни линкови

logo-print

Киев: Испораката на гас од Русија преку Украина може да почне


Испораката на приодниот гас од Русија преку Украуина може да почне, изјави во Киев чешкиот министер за индустрија Мартин Риман. Минатата ноќ Украинскиот премиер Јулија Тимошенко го потпиша протоколот за контрола на транзитот по разговорите со чешкиот премиер Мирек Тополанек кој преговараше со Москва и Киев за надминување на прекинот на испораката на гасот поради руско – украинскиот спор околу цената и украинскиот долг. Претходно и Русија и Европската Унија потпишаа договор. Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека испораката на рускиот гас за Европа низ Украина ке продолжи откако посматрачите ке се распоредат во Украина. Путин предупреди и дека Русија повторно ке ја прекине испораката за Европа преку Украина доколку Киев неовластено го пренасочи рускиот гас за свои потреби.
XS
SM
MD
LG