Достапни линкови

logo-print

Александар Новаковски, претседател на ДИК. Постои општ консензус за фер и демократски избори


Дали со измените во изборниот законик има поголем простор за дејствување на ДИК да се спроведат фер и демократски избори кои се услов за датум за преговори за членство во ЕУ?

Промените кои битно ќе влијаат во изборниот процес, а тоа се промените околу дорегулирање на некои членови од изборниот законик, предлогот да може ДИК да поднесува и кривични пријави зголемени се значително казните, сега се во глоби. Сметам дека и претходно изборниот законик беше добра основа за спроведување на фер и демократски избори, но сега постои општ консензус, во кој сите се залагаат овие избори да се спречат сите негативни појави кои беа забележани на изборите во 2008.

Како гледате на посочувањето дека партиски членови можат да вршат притисоци врз ДИК со оглед дека одамна сте член на комисијата?

Не е тајна дека имало притисоци врз одредени членови во сите состави на ДИК. За овие избори, локални претседателски нема место за такви притисоци. А, притисоците обично ако се јават во постапката на одлучување по приговори и тука сметам дека тие притисоци немаат никакво влијание и не би требало да имаат. Затоа што сепак со воведувањето на Управниот суд, а претходно и Врховниот суд и таму може да се преиспита нашата одлука.
XS
SM
MD
LG