Достапни линкови

Приоритет фер и демократски избори


Предвремените избори во јуни, кои беа проследени со насилства и нерегуларности што резултираше со негативна оценка за демократските процеси, наметнуваат претседателските и локалните избори во март да бидат од суштинска важност за натамошните перспективи во ЕУ. Претставниците на политичките партии во прв план ги нагласуваат научените лекции од 2008 година. Дел од нив беа пренесени во новиот изборен кодекс. Ова, како што веруваат значително треба да придонесе да не се повтори сликата од вонредните избори. Но, како и во 2008 година и сега одговрноста се префрла кај спротивниот политички блок. Ако изборите во март имаат макар мала сенка врз нив, тоа ќе значи крај на нашите европски и евро атлантски амбиции, и затоа сметам дека одговорноста пред власта е огромна, вели Цветанка Иванова од СДСМ:

,,Ако тоа го промашивме со предвремените избори во 2008 година, не смее тоа да се случи, да се помисли за овие избори. По сето она што се случува во Република Македонија, по огромната политизација на сите институции на системот, јас не верувам, но мора да имаме оптимизам и да работиме на тоа. Затоа што, ако загубиме на овие избори последиците ќе бидат страшни.”

Во владеачката ВМРО ДПМНЕ веруваат дека ќе има фер и демократски избори и дека како што вели Влатко Ѓорчев од таа партија и другите политички партии извлекле поуки, особено оние што најмногу беа инволвирани во инцидентите:

,,Ја имаме легислативата и целата рамка која што е потребна. Единствено што останува е волја кај сите политички партии, волја во општеството и да немаме повторување на оние ситуации коишто беа генерирани и се случија во северо западна Македонија на последните парламентарни избори во јуни.”

Напсроти уверувањето на владеачката партија за ЛДП останува простор за скептичност. Како во поглед на политичката волја кај институциите кои ги води владата, така и во поглед на политичкиот дијалог:

,,Ако нема дијалог меѓу партиите, нема дијалог меѓу македонските и албанските партии, нема дијалог меѓу албанските партии, а што е најлошо нема дијалог ниту меѓу самите партнери во владата. Значи, не може да се гради атмосфера на доверба, ако во моментов воопшто нема дијалог меѓу политичките субјекти во Република Македонија. Тој е основен за да има фер и демократски избори.”

Поаѓајќи од важноста дека Македонија не треба да ја испушти шансата, бидејќи локалните избори се еден од најважните услови за добивање датум за преговори, Рафиз Алити од ДУИ вели дека освен владата и сите политички партии треба да ја вложат својата енергија за фер избори:

,,Без оглед какви се односите меѓу политичките лидери. Мислам дека е крајно време е да го браниме тоа што е наша одговорноста за фер и демократски избори ќе треба да ја понесат владата и коалицијата.”

За да се каже дали ќе има регуларни избори според ДПА треба да се отстрани она што останува да фрла сенка, како на пример тоа што вели Бесим Догани дел од сторителите на изборните нерегуларности на предвремените избори останале несанкционирани:

,,Се казнуваат само опозиционерите, а никако членовите на партиите кои се на власт. Сеуште има два до три пратеници од ДУИ кои имаат кривични пријави за вмешаност во изборите, за нив не се преземаат никакви правни мерки.”

Засилената партиска реторика се очекува да биде заедички именител до изборите. Идентично како и онаа која доаѓа од политичарите од албанскиот политички блок во која аналитиарите препознаваат само обид да се придобијат гласачи пред изборите.

Политичката реторика во смисла на критички односи меѓу партиите се очекува да го одбележи претстојниот период до изборите. Но, нема простор незадоволната страна која евентуално проценува да освои повеќе места да се реши за насилство, вели професорот Владо Поповски:

,,Сметам дека толеранцијата на нерегуларност е исцрпена. Партиите и субјектите кои би се однесувале на стар начин како на минатите избори. Тие само ќе ја изгубат поддршката натаму и рејтингот во средината. Тоа е прво, како психолошка последица од минатите избори.”

Поучени од последиците од вонредните избори сметам дека политичките партии се подготвуваат изборите да бидат регуларни вели Поповски кој нагласува дека се стеснува просторот за насилно однесување:

,,Па, мислам дека нема ниту една партија која има интерес да ги наруши изборите. Нема, затоа што групите кои од одредени партии предничеа во нарушување на изборите од минатиот пат повлекоа доста негативни консеквенци и тие не се во позицијата или не се во владината коалиција. Тие беа доволно санкционирани и мислам дека им е доволно укажано и од страна на гласачите, но и од факторите, не само внатрешни туку и надворешни политички фактори коишто укажуваат дека така не е можно.”
XS
SM
MD
LG