Достапни линкови

Лидерите се договорија да се одложи електронското гласање, а изборите да се оддржат на 22 март


Одложување на пилот проектот за електронско гласање на претстојните избори и усогласување на 22 март како најдобар термин за одржување на изборите, се двете прашања околу кои лидерите на четирите најголеми партии Заев, Ахмети, Тачи и Груевски постигнаа согласност на денешната лидерска средба што се оддржа во клубот на пратениците.

„Бидејќи главната опозициона партија во моментов не е подготвена за такво нешто, ние одлучивме да го прифатиме нејзиното мислење и можноста за воведување на електронско гласање да ја разгледуваме понатаму. Го отворивме и прашањето кој ден би бил најсоодветен за оддржување на локалните и претседателските избори и на крајот заклучивме сите заедно дека тоа би било 22 март, но претседателот на Собранието ќе треба да си пресмета и тој да го каже последниот збор.“

Изјави премиерот Груевски кој оцени дека денешните разговори биле успешни бидејки освен ова на нив било договорено и претседателствувањето со комисијата за лустрација, а по сугесттијата која била упатена од опозицијата тој соопшти дека владата иако не е обврзана, сепак ќе ја прекине кампањата по медиумите веднаш штом ќе бидат распишани изборите. И албанскиот коалиционен партнер ДУИ, со оценка дека денешните разговори биле успешни:

„Со задоволство можам да констатирам дека изградивме ставови кои влеваат надеж и испраќаат сигнал дека на наредните локални и претседателски избори ќе ,,одиме“ подготвени.“

Рече Џеват Адеми од оваа партија. Лидерот на опозиционата ДПА Мендух Тачи пак, со најава дека партијата е незадоволна од политиката на власта. Посочи дека го губат трпението и размислуваат за преземање сериозни чекори во насока на идното учество на партијата во политичките случувања поради однесувањето на владината коалиција:

„Исчезнува времето на нашето толерирање затоа што навистина мислиме дека оваа влада прави три огромни грешки. Го крши законот за амнестија, не го спроведува Охридскиот Договор и трето, свесно ги блокира интеграциските процеси.“

За СДСМ токму сеуште ,,несмирените страсти“ меѓу двете албански партии ДПА и ДУИ кои и на денешната средба си размениле серија забелешки околу бројните инциденти на последните предвремени парламентарни избори, создава грижа околу претстојниот изборен циклус:

„Значи беа отворени судски кривични постапки на членови и активисти на ДПА во споредба со членови и активисти на ДУИ, се навлезе во материја што дефинитвно не ни дава до знање дека албанскиот политички фактор е подготвен за фер и демократски избори.“

Рече лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во насока на подготовките на изборната регулатива за изборите, во меѓувреме Собранието едногласно го усвои амандманот за измена на уставот со кој се предвидува намалување на ценсузот за избор на претседател на државата во вториот изборен круг на 40 отсто.
XS
SM
MD
LG