Достапни линкови

Нови идеи, нови „играчи“, но и очекувања за нови тензии?


Во 2008-ма година Соединетите ДРжави, Европската Унија и Обединетите Нации се обидоа преку санкции да го принудат Иран да се откаже од своите нуклеарни амбиции. Иран продолжи со збогатувањето ураниум. 2009-та се очекува да донесе нови тензии меѓу Западот и Иран, но и нови идеи и нови играчи, меѓу кои и избраниот американски претседател Барак Обама.

Кризата со иранската нуклеарна програма датира од 2002-ра година, кога за прв пат беше обелоденето дека Техеран тајно се обидува да збогати ураниум. Тоа беше знак за аларм бидејки збогатениот ураниум може да се користи како гориво за нуклеарни реактори за производство на електрична енергија, но и како гориво за нуклеарна бомба. Од тогаш, меѓународната заедница бара од Иран да го запре процесот се додека не докаже дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Но, кризата само се продлабочува. Директорот на меѓународната агенција за атомска енергија, Мухамед Ел Барадеи, во врска со студиите на Иран за проектили од среден дострел, оцени:

„Ние не видовме никакви индиции дека тие студии се поврзани со нуклеарни материјали, што ни дава одреден оптимизам, но прашањето е сеуште критично за нас за да можеме да одредиме со сигурност што е вистинската природа на иранската нукеарна програма.“

Загриженоста на агенцијата беше аргумент за Советот за безбедност во март да изгласа трета рунда санкции против Иран. Беа замрзнати сметките на луѓето поврзани со иранската нуклеарна и балистичка програма, а за прв пат, беше забранета и трговијата со Иран и беше воведено следење на двете главни ирански банки. Западните сили, кои инсистираат на натамошни санкции, се разочарани што Русија и Кина се против. Како одговор, Европските држави ветија заеднички унилатерални засилени санкции против Иран. Британскиот премиер Гордон Браун во јуни изјави:

„Доколку Иран продолжи да ги ингнорира резолуциите на Обединетите Нации, како и нашите понуди за партнерство, ние ќе немаме друг избор, освен да ги интензивираме санкциите.“

Беа замрзнати сметките на најголемите ирански банки, како и воведени нови санкции спрема иранскиот гас и нафта. Европските држави беа најголеми трговски партнери на Техеран, но во 2008-ма имаше и нови понуди за Иран. Шефот за надворешна политика Хавиер Солана, во јуни на Иран му презентираше нови трговски и безбедносни инцијативо доколку го прекине збогатувањето ураниум. Вашингтон пак испрати висок претставник на преговорите меѓу членките на Советот за безбедност, Германија и Иран. Но, без резултат, а иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат во меѓувреме соопшти дека биле инсталирани 5 илјади центрифуги за збогатување ураниум.

„Соопшувам, официјално, дека Иран им се приклучува на нуклеарните земји во светот.“

Западните нуклеарни експерти изразија сомневање во врска со способноста на Иран да збогати ураниум на високо ниво, иако има направено напредок. Според американски извори, Иран би бил способен да изработи атомска бомба неаде меѓу 2010-та и 2015-та година. Ваквите факти се очекува да ги зголемат тензиите во 2009-та година, но можни се и неочекувани пресврти. Ново-избраниот американски претседател Барак Обама неодамна изјави дека е потребна цврста, но директна дипломатска акција со Иран. Какви било директни преговори меѓу Вашингтон и Техеран би биле драстична промена и за двете страни, по 3 децении без дипломатски односи. Иран, веднаш одоговори со став дека може да разговара за загриженоста на Западот во врска со неговата нуклеарна програма, но оти нема да се откаже од правото да има нуклеарна технологија. Тоа остава малку простор за надеж дека и во 2009-та година може да се очекува некаков договор во врска со иранската нуклерна криза.
XS
SM
MD
LG