Достапни линкови

Живко Андревски, професор. Медиумите во Македонија ќе можат да се ослободат од туторството за 10 до 15 години


Професоре, меѓународните аларми кон крајот на годината што измина беа насочени кон еден старо нов проблем на демократијата во Македонија – слободата на медиумите. Какви се вашите анализи на овие состојби во земјава?

Во Република Македонија, медиумите коишто може да се утврдат како носечки може врз основа на правна процедура да се утврди кои се нивните основачи, сопственици, финансиери, кои се на тој начин и носители на вкупната кадровска политика, односно кадровски решенија кои имаат влијание врз работата на медиумите, со кои прикриени или полу јавни договори тие луѓе работат на своите работни места и кога новинарите како најударен дел од медиумскиот систем самите речиси се упатени кон тоа што треба да прават кога работат во одреден медиум.

Дали според вас бројот на кривичните пријави ќе го зголеми замолчувањето во сферата на јавно искажаниот збор?

Не можете, маханички, априори, да им забраните на било кој субјект да им забраните, ако проценат дека се наклеветени, оштетени да ги побараат своите права во судска постапка. Прашањето е дали судиите и вкупниот судски систем знае да процени што е тоа што реално влегува според меѓународни норми и домашни законски определби во зона на клевета, навреда, повреда на чест, углед, право или интерес и врз таа основа да се суди. Тогаш мислам дека ќе се покрене и новинарскиот механизам на одговорност што заедно со професионализмот. Меѓутоа, ако судиите не судат како што треба, тогаш е многу тешко да се види што навистина е прекршено и каде е одговорноста на новинарот.

Влијанието на власта врз медиумите не е непознато и за западниот демократски свет. Каде би требало границата? Каде Македонија ја преминува таа граница?

Превентивни елементи на тоа ќе бидат два – да постои моќен силен ексклузивен јавен радио дифузен сервис. Потоа, да постојат пазарни услови во кои медиумите ќе се борат на пазарот за тираж, слушаност, гледаност и врз таа основа за прилив на реклами и други пропагандни цели врз економски основи.

Се ближат избори. ЕУ предупреди дека ќе ја следи состојбата со медиумите. Што очекувате вие, ќе ги следи ли некои овие предупредувата во сферата на медиумите?

Од тоа што Македонија до сега како практика го спроведувала ниту една конкретна ситуација, конкретен период, ниту едно конкретно владеење не се грижела да направи развиен медиумски систем според демократски критериуми и вредности. Сите се обидувале да ги најдат точките како медиумите на некој начин да бидат наклонети, под контрола, инспирирани со нивното работење и дејствување, а помалку да ја остваруваат функцијата со тоа што очекувале тоа долгорочно да резултира со политички цели со победа на изборите. Кога МРТВ била наклонета кон некоја политичка групација во регуларни демократски избори таа ги губела изборите. Ако се поделат работите на вистинско професионално дејствување и за медиумите и за политичарите и за стопанствениците, ако не некаква многу квалитетна ситуација, ќе се добие подобра од сегашната, која пак ќе овозможи наредната да биде подобра од таа, па за 10 до 15 години од сега да се ослободат медиумите од туторство и да ја преземат одговорноста за своето работење.
XS
SM
MD
LG