Достапни линкови

Газа: Продолжува оганзивата на Израел


Израел ја продолжува копнената и воздушна офанзива во Појасот Газа, 14-ти ден по ред, а милитанти на Хамас истрелуваат ракети кон израелска територија и покрај синоќа усвоената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со која се повикува на итно примирје. На гласањето во Советот, единствено Соединетите Држави беа воздржани, а државниот секретар Кондолиза Рајс изјави дека Вашингтон целосно ја подржува резолуцијата, но го чека исходот од напорите на Египет за склучување примирје меѓу Израел и Хамас. Израелската Влада денеска ја разгледува резолуцијата, а шефот на дипломатијата Ципи Ливни изјави дека Изреал ќе дејствува во согласност со сопствените интереси и правото на само-одбрана. Резолуцијата ја отфрли и Хамас.
XS
SM
MD
LG