Достапни линкови

Денеска Собраниска седница за уставните измени за избор на претседател и лидерска средба


Се засилуваат подготовките во пресрет на локалните и претседателски избори. Во Собранието на дневен ред денеска се уставните измени за намалување на цензусот за избор на претседател на државава во вториот изборен круг на 40 отсто. Претседателот на Собранието Трајко Вељановски претходно најави дека по усвојувањето на овој уставен амандман во скоро време ќе го објави терминот за одржување на изборите. Наспроти, собраниската седница во исто време лидерите на најголемите политички партии во Клубот на пратеници на нова лидерска средба, која пак е концентрирана на локалните избори, односно можноста за воведување на пилот проект за електронско гласање. Во мегувреме меѓународната заедница, постојано укажува на важноста од спроведување на регуларни избори. Претстојните избори ќе преставуваат клучен тест за земјата, на кои таа ќе треба да го демонстрира својот капацитет да спроведе слободни, фер и демократски избори, кои ќе бидат позитивно оценети и од граѓаните и од мегународната заедница, велат во ЕУ. Владата најавува дека фер и слободни избори всушност е и нејзин клучен приоритет на кој ќе работи во наредиониот период.

„Планираме во 2009-та година да не дадеме ниту една причина, ниту едно алиби за натаму да биде одложуван процесот на евроинтеграција. Во тој смисол како клучно прашање се наметнуваат изборите, односно да имаме фер и демократски избори.“

Вели вицеприемиерот Ивица Боцевски. Заложбата за поправање на лошата слика по последните предвремени парламентарни избори, информираат од владата, веќе е демонстирана освен со изборните измени и со зајакнувањето на Државната изборна комисија преку нови вработувања. Најново, во насока на унапредување на изборниот процес се заговара и спроведување на пилот проект за електронско гласање на локалните избори, што е во фокусот на разговорите на средбата на лидерите на најголемите партии на покана на премиерот Никола Груевски. Во Државната изборна комисија велат дека можноста за спроведување на овој пилот проект пред се ќе зависи од правната подготовка:

„Овој пилот проект би се одвивал во неколку општини, при што од една општина резултатите би требало да бидат официјални. Меѓутоа за да се спроведе сето тоа е неопходно да има правна основа, што во моментов сеуште недостасува и постојат уште неколку дилеми како што е доверба во софтверот и заштитата на личните податоци на граѓаните кои би гласале по електронски пат.“

изјавува Зоран Таневски портпарол на ДИК, кој додава дека две компании веќе понудиле целосен прокет за воведување на електронското гласање:

„Фирмите кои го нудат софтверот, веќе го имаат испробано тоа во повеќе држави и не би им требало премногу време за да се спроведе и кај нас, како што реков во неколку општини.“

вели Таневски.
XS
SM
MD
LG