Достапни линкови

logo-print

Атина: На крајот на месецов средба за името со посредство на Нимиц?


Посредникот на Обединетите нации во спорот за името меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц до крајот на месецов ќе свика средба со преговарачите на двете земји, објави грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори во Атина.Весникот оценува дека поради локалните избори во Македонија во март не се очекува суштествен напредок во преговорите за името, а особено по одлуката на Скопје да ја тужи Атина пред Меѓународниот суд во Хаг поради непочитување на Времената спогодба од 1995 година.
XS
SM
MD
LG