Достапни линкови

Бања Лука: Република Српска нема намера да загуби некоја од своите надлежности, изјави Милорад Додиќ


Премиерот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека српскиот ентитет во Босна и Херцеговина повеќе нема намера да загуби ниту една од своите надлежност и дека за него прашањата за надлежностите се поважни од Европската Унија. Додик изјави дека ваквиот став ќе биде основа на концептот на Бања Лука во процесот на уставните промени во Босна. Поважна ни е Република Српска, отколку да ги бркаме процесите во кои се некој нешто ветува, а големо е прашањето што ќе биде од сето тоа, вели Додик, додавајќи дека не е против Европска унија, но бил против нереалниот оптимизам што се шири во врска со Унијата
XS
SM
MD
LG