Достапни линкови

Брисел: Средба меѓу првите луѓе на руската и украинската компанија за гас


Претставници на руската компанија за гас Газпром и на украинскиот Нафтогаз денеска во Брисел се очекува да имаат средба со претставници на Европската Унија за решавање на спорот меѓу двете земји околу цената и испораката на гас. Имено, во Брисел ќе отпатува директорот на украинската компанија за гас Олег Дубина и на руски Газпром Алексеј Милер. Вчера ЕУ им даде 24 часа рок на Русија и Украина за решавање на проблемот. Инаку поради проблемот меѓу двете земји илјаници домаќинства на Балканот останаа без греење, а во Бугарија, Унгарија и Словачка повеќето компании го намалија производството. И Македонија остана без гас. Вчера престана да работи фабриката Макстил, а еден од најголемите потрошувачи на овој енергенс „Топлификација“ се префрли на мазут.
XS
SM
MD
LG