Достапни линкови

logo-print

Предлогот на Франција и Египет за прекин на огнот прифатлив


Предлогот на Франција и Египет за прекин на огнот во Појасот Газа, според агенциите, бил прифатлив за Соединетите држави, Израел и за претседателелот на палестинската власт Махмуд Абас. Претходно, на состанокот на Советот за безбедност, генералниот секретар Бан Ки Мун ги критикуваше и двете страни:

„Овие напади на израелските сили врз цивилни цели се целосно неприфатливи и не треба да се повторат. Исто така се неприфатливи и акциите на Хамас врз израелска територија.“

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Вашингтон е за примирје, но кое ќе биде трајно и одржливо и кое нема да му овозможи на Хамас повторно да се вооружи.

„Прекин на огнот што не враќа во вакви услови е неприфатлив и нема да трае. Итно ни е потребен прекин кој може да доведе до вистинска безбедност.“

Интензивирањето на меѓународниот притисок за прекин на израелската офанзива против милитантите на ХАМАС дојде по нападот врз едно училиште на Обединетите нации во кој загинаа над триесет палестински цивили. Во меѓувреме, Израел соопшти дека се согласил да биде отворен хуманитарен коридор во Газа со цел на палестинците да им се овозможи снабдување со основните животни потреби, а израелската војска денеска најави секојдневен тричасовен прекин на огнот. Загриженост за конфлктот изрази и избраниот американски претседател Барак Обама:

„Секојдневно сум целосно информиран за ситуацијата. Длабоко сум загрижен поради цивилните жртви. По дваесетти јануари ќе имам многу да кажам за ова прашање. “

Во дванаесет дневниот конфликт загинаа над шестотини палестинци.
XS
SM
MD
LG