Достапни линкови

Газа: Продолжува израелската офанзива


Ираелските сили ја продлжиле копнената офанзива во Појасот Газа и упаднале во градот Кан Јунис, каде што наишле на отпор од милитанти на Хамас, јавуваат агенциите. Во текот на ноќта имало жестоки престрелки и во други делови од Газа. Според палестински извори, досега загинале над 560 палестинци, а Израел соопшти дека 8-мина нивни војници се убиени, од кои тројца вчера, по грешка од граната од израелски тенк. Францускиот претседател Никола Саркози, кој вчера имаше средби со претставници на Израел и на палестинците, од кои побара итно примирје, денеска ја продолжува мировната мисија со посети на Сирија и Либан. Чешкиот шеф на дипломатијата, Карел Шварценберг, кој од името на Европската УНија беше во регионот, денеска оцени дека израелско – палестинско примирје е можно, но за неколку дена.
XS
SM
MD
LG