Достапни линкови

logo-print

Софија: Запрена испораката на руски гас преку Украина за Македонија и Балканот


Бугарија денеска соопшти дека од ноќеска е запрена испораката на руски гас преку Украина за Бугарија, Турција, Грција и Македонија. Турција исто така потврди дека снабдувањето со гас преку западниот крак, кој минува низ Украина, е целосно запрено. Без руски гас остана и Хрватска, додека снабдувањето за Романија, Унгарија и Австрија е намалено за две третини. Русија го прекина снабдувањето со гас за Украина, обвинувајки ја дека краде гас, наменет за Европа, кој оди преку нафтоводите низ нејзина територија. Украина ги демантира ваквите обвинувања.
XS
SM
MD
LG