Достапни линкови

Штип: Одржана свеченост по повод испраќањето на 150 припадници на АРМ во Авганистан


Во Штип денеска се одржа свеченост по повод испраќањето на 150 припадници од првата механизирана пешадиска бригада, тројца штабни офицери и тројца офицери во мировната мисија ИСАФ во Авганистан, предводена од НАТО. Министерот за одбрана Зоран Коњановски изјави дека ова е шестта ротација и во однос на претходните има зголемување на бројот на македонските мировници кои ќе учествуваат во ИСАФ. Македонските војници ке дејствуваат во составот на баталјонот на Кралството Велика Британија.
XS
SM
MD
LG