Достапни линкови

Брисел: Итен состанок на европските дипломати посветен на руско – украинскиот спор за гасот


Во Брисел денеска ке биде одржан итен состанок на европските дипломати посветен на руско – украинскиот спор поради кој има намален дотур на руски гас за Европа. Русија го прекина дотурот за Украина и го обвини Киев дека гасот наменет за европа го пренасочува за своја потреба. Киев пак тврди дека Русија всушност го намали транзитот низ Украина. Руски Газпром ја зголеми вчера цената на 450 долари за 1000 кубни метри гас од последната понуда која изнесуваше 418 долари. Украина пак соопшти дека секое покачување на цената ќе значи покачување и на транзитните услуги низ нејзина територија.
XS
SM
MD
LG