Достапни линкови

Израел сеуште не ги остварил воените цели во Газа


Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак соопшти дека Израел се уште не ги остварил воените цели во Газа и офанзивата ке продолжи се додека израелската територија не биде безбедна од ракетните напади на Хамас. Ноќеска авијацијата стрелала врз 30 цели на Хамас. Според палестински извори најмалку 510 лица загинале, а над 2500 биле ранети во досегашните напади кои почнаа пред 9 дена. Милион и пестотини жители на Газа немаат питка вода, лекови, струја, изјави палестинскиот преговарач Саеб Ерекат.

„Денеска во Газа имаме хуманитарна катастрофа.“

рече Ерекат. Шефицата на израелската дипломатија Ципи Ливни пак изјави дека воената операција прави разлика меѓу борбата против тероризмот и потребата да му се помогне на населението поради што се отворени граничните премини. Во регионот денеска во посредничка мисија се делегација на Европската Унија како и францускиот претседател Никола Саркози и рускиот пратеник Александар Салтанов.
XS
SM
MD
LG