Достапни линкови

Газа: Операции на израелската војска на влезот од Газа


Израелската војска која синоќа започна копнена офанзива на појасот Газа, денеска извела неколку операции на влезот од градот. Израел соопшти дека триесетина војници биле повредени откако почнала копнената офанзива. Соединетите Држави го блокираа усвојувањето на соопштението на Советот на безбедност на ОН во кое се повикува на итен прекин на насилствата меѓу Хамас и Израел и се изразува загриженост поради влошувањето на ситуиацијата по копнената акција во Газа. Американскиот заменик амбасадор во ОН, Алехандро Волф изјави дека Соединетите Држави не веруваат дека Хамас ќе го почитува тоа соопштение. Радикалното палестинско движење Хамас пак соопшти дека неуспехот на членките на Советот за безбедност да постигнат договор околу соопшението за прекин на огнот е фарса и информира дека држи во заложништво двајца израелски војника.
XS
SM
MD
LG