Достапни линкови

Дамаск: Лидерот на Хамас во егзил го предупреди Израел да не покренува копнена офанзива


Лидерот на ХАМАС во егзил Калед Мешал го предупреди Израел дека ќе направи глупава грешка доколку покрена копнена офанзива во Газа. Во изјавата за телевизијата Ал Џезаира, Мешал кој се наоѓа во Дамаск изјави дека отпорот и инфраструктурата на ХАМАС, и покрај израелските напади, останала нечепната. Израелската авијација веќе седми ден бомбардира цели во Газа и протоа, според Обединетите нации, загинале над четристотини и дваесет палестинци. Во меѓувреме, американскиот претседател Џорџ Буш го обвини ХАМАС дека со гранатирањето на израелската територија придонесол за ескалација на насилството.
XS
SM
MD
LG