Достапни линкови

Митровица: Две експлозии и насилни протести


Две експлозии и насилни протести се случија синоќа во Митровица, при што биле повредени седумина пожарникари. Полицијата соопшти дека во првата експлозија биле унишетни неколку автомобили кои биле паркирани пред едно кафуле во српскиот дел на градот. Веднаш потоа биле запалени две продавници чии сопственици се албанци. За време на нивното гаснење дошло до експлозија од која биле повредени пожарникарите. Тие, како што јавуваат агенциите, се наоѓаат во тамошната болница и се надвор од животна опасност. Во Митровица изутрината било мирно.
XS
SM
MD
LG