Достапни линкови

Европа: Вилнус и Линц европски престолнини на културата за 2009


Главниот град на Литванија, Вилнус, и австрискиот град Линц се европски престолнина на културата во 2009 година. Двата града влегоа во новата година со импресивни шоуа кои се дел од нивните програми, богати со манифестации, промоции, концерти и изложби во текот на целата година. За Вилнус, најголемиот балтички град, 2009-та е значајна по тоа што ја одбележува и својата милениумска годишнина, зашто името Литванија било првпат спомнато во Аналите на Кедлинбург во 1009 година. Австрискиот град Линц има богата историја, во која кратко време бил и најзначаен центар на Римското царство, седиште на властите и трговска крстосница. Европската унија секоја година одредува почесен домаќин на проектот „Европска престолнина на културата. Целта е да се промовира чувството за заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата.
XS
SM
MD
LG