Достапни линкови

logo-print

Москва: Руски Газпром ја прекина испораката на гас за Украина


Руски Газпром ја прекина испораката на природен гас за Украина утрово, откако не беше постигнат договор за плаќање на долгот на Украина кон оваа компанија и не беше постигнат договор за цена на гасот за 2009та. Европа добива четвртина од снабдувањата со гас од Русија, а дел од гасот транзитира низ Украина. Рускиот премиер Владимир Путин ја предупреди Украина да не ги пренасочува испораките за Европа во својот систем, затоа што тоа може да ги наруши односите на Украина со Европа. Украинските лидери пак соопштија дека ќе гарантираат непречен транзит на гас низ Украина за Европа.
XS
SM
MD
LG