Достапни линкови

logo-print

Анкара: Турција зафатена од студен бран


Исклучително ниски температури од денеска ќе ја зафатат Турција, каде што во изминатите два дена поради снегот и маглата животот го загубија две лица. Најкритична е ситуацијата во Источна Турција, каде што пристапот до стотици села е оневозможен. Во меѓувреме, во Романија студот ги однесе животите на седум возрасни лица или бездомници. Температурите се спуштиле до минус 23 степени. Се очекува студениот бран да продолжи и во наредните денови.
XS
SM
MD
LG