Достапни линкови

Париз: Вонредна седница на министрите за надворешни работи на ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Париз на вонредна седница ќе ја разгледаат ситуацијата на Блискиот исток по израелските напади во Газа. Како што соопшти француското министерство за надворешни работи, шефовите на дипломатиите ќе се обидат да утврдат начини на кои ЕУ и ОН можат да соработуваат за решавање на кризата. Според дипломатски извори, францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер се обидува да издејствува примирје, за да запрат израелските напади и да се достави медицинска помош во појасот Газа.
XS
SM
MD
LG