Достапни линкови

Недостига равојна компонента, оценуваат аналитичарите


Наспроти уверувањата на власта дека буџетот за наредната година е проектиран за да овозможи растот на економијата да продолжи и да ја заштити од последиците на светската економска криза, тој остава голем простор за дилема кај експертите. Како во поглед на обемот , така и во поглед на неговата структура. Фактите говорат дека ова е најголемиот буџет до сега со износ од 2,7 милијарди евра или за тројно поголем од оној од пред десетина години од што според професорот Панче Јовановски произлегуваат низа нерационалности.

„Има премногу нерационалности во буџетот. Потребно е да се направи детално истражување да се види што и како. Во буџетот има ставки останати од социјализмот сеуште, несоодветни за пазарниот начин на стопанисување.“

„Ако има приходи, дај боже да има, тоа не значи дека сите пари треба да ги потрошиме.“


Според професорот Абдулменав Беџети преоптимистички е проектирана и приходната страна на буџетот во услови на опаѓање на цените на увозните компоненти како што се нафтените деривати.

„Веројатно и тука ќе имаме потфрлување на проекцијата во делот на наплата на приходите, па може да расте и така големиот дефицит.“

Па во ова Беџети го гледа ризикот поцвеќе отколку во самата големина на буџетот. Но според него сепак најголем проблем е структурата на буџетот и тоа што тој останува непродуктивен.

„Буџетот сепак останува непродуктивен, бидејќи огромен дел е наменет за јавната администрација и социјалната компонента. Многу малку има развојна компонента во буџетот.“

Ако се споредат податоците во категоријата којашто ја детерминара развојната компомнента, а тоа се капиталните расходи тие се во буџетот за 2009 намалени за 0,6 проценти или изнењсуваат 16, 8 во однос на 2008-та кога изнесувале 17,4 проценти, анализира Беџети. Од друга страна како што забележува, токму таа развојна компонента е најважна во вакви периоди кога екомонијата бележи опаѓачки трендови.
XS
SM
MD
LG