Достапни линкови

Исламабад: Пакистан ќе распореди 20 илјади војници на границата со Индија


Пакистан одлучи да распореди 20 илјади војници на границата со Индија со што тензиите меѓу двете држави се зголемуваат. Припадници на копнената војска синоќа биле распоредени во источната провинција Пенџаб, поради можна воена агресија со Индија, соопшти пакистанското Министерство за одбрана. До ова доаѓа поради шпекулациите за можни воздушни напади на инидската авијација врз седиштето и логорите на екстремистичката група Лашкар-е-Таиба, што Њу Делхи ја смета за одговорна за нападите во Мумбаи.
XS
SM
MD
LG