Достапни линкови

logo-print

Приштина: Косово започнува дипломатска офанзива за признавање


Косово во средината на јануари ќе започне дипломатска офанзива со отворање амбасади во државите кои ја признаа неговата независност. Амбасади ќе бидат отворени во Македонија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Шведска и Холандија, најави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Приштина Албана Беќири.
Косово досега го признаа пеесет и три држави, а амбасади има меѓу другото во Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин, и Брисел.
XS
SM
MD
LG