Достапни линкови

logo-print

Скопје: Продолжува собраниската расправа за буџетот


Собранието на Македонија вчера не го заврши второто читање на дополнетиот предлог буџет за идната година, а продолжението на седницата е закажано за в понеделник. Според новиот деловник на Собранието, пратениците треба за три дена, што во овој случај значи понеделник, да ја завршат расправата и да го донесат буџетот за две илјади и деветата година. Се расправа само по предлогот и не се врши амандманска интервенција, бидејќи тоа, според Деловникот, се прави во Комисијата за финансирање и буџет и во Законодавно правната комисија.
XS
SM
MD
LG