Достапни линкови

Канбера: Австралија подготвена да прими затвореници од Гвантанамо


Австралиската влада соопшти дека ќе разгледа дали да ги прифати ослободените лица од затворот во американската воена база Гуантанамо на Куба. Се додава дека одлуките ќе бидат донесувани случај по случај, но откако за тоа ќе биде добиено барање од Вашингтон. Новоизбраниот претседател Барак Обама вети затворање на затворот со што се отвори прашањето каде би отишле луѓето кои биле држани таму.
XS
SM
MD
LG