Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Илјадници евакуирани по серија земјотреси


Деветнаесет лица се повредени, а илјадници се евакуирани во три земјотреси што го погодија југозападниот дел на Кина, јавија денеска кинеските медиуми. Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Жујли во провинцијата Јунан при што 19 лица се повредени. Претставник на локалната власт соопшти дека околу 10.000 лица се евакуирани. Земјотрес со интензитет од 4,3 степени е почувствуван во село во близина на главниот град на Јунан, Кунмин. Третиот земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер е регистриран во провинцијата Гуејџоу, но нема информации за жртви и причинета материјална штета.
XS
SM
MD
LG