Достапни линкови

Бејрут: Пронајдени ракети вперени кон Израел


Либанската војска вчера во јужниот дел на земјата пронашла осум ракети вперени и подготвени за лансирање кон северен Израел. Според безбедносните сили се уште не познато кој ги поставил ракетите од типовите Град и Каќуша од руско производство во зоната контролирана од силите на Обединетите Нации и либанската армија. Зоната во текот на војната во 2006 година меѓу Израел и паравоената организација Хезболах беше контролирана од милитантите блиски до Иран. Хезболах не го коментираше инцидентот кој се случува во период кога тензиите во регионот повторно растат по најавите на израелската армија дека подготвуваат масовен напад врз појасот Газа.
XS
SM
MD
LG