Достапни линкови

Нерешените прашања на Балканот инструмент на политиката и закана за безбедноста


Актуелниов миг покажува дека старото чувствително балканско прашање на границите секогаш има услови да се реактуелизира. Во денешниот контекст на евроинтегрирањето на поодделните држави од регионов тоа станува предмет на инструментализација. Сомничавоста на Грција кон македонските територијални претензии, актуелизирањето на хрвастко словенечкиот спор во пиранскиот залив како и сеуште незатворената македонско-косовска граница истовремено оспорувана и од Србија се дел од проблемите. Аналитичарот Жидас Даскаловски очекува дека оваа инструментализација која според него ќе оди до крајности но ќе остане на правно-политичката процедура, да се искористи моментот на предност во позицијата во однос на Европската Унија за да се остварат некои заостанати и неразрешени државни и национални интереси.

„Сега сме дојдени во фаза кога прашањето за границите на Балканот ќе бидат правно политички инструменти коишто се користат во полза на одредена власт,“

вели Даскаловски. За аналитичарот Алберт Муслиу денешниве актуелизирани погранични спорови покажува дека нема бегање од стариот начин на размислување, да се оставаат неразрешени спорови за некои подобри времиња. Според него сепак нема голема сличност меѓу актуелните погранични спорови оној на хрватско-словенечката граница кој според него е суштински и на пример инцидентите на македонско-косовската граница кој вели се од дневен карактер и се резултат на неадекватен одговор на институциите.

Професорот Стефан Буџаковски е на мислење дека зад актуелните збиднувања на Балканот стојат повеќе интересите на големите сили отколку историски неразрешени прашања на балканските држави.

„И додека не ги дефинираат оние нивни замисли, коишто ги имаат зацртано ова подрачје ќе се држи во нестабилна состојба.“

И додека за Даскаловски станува збор за замена на национализмите кои завршуваат со конфликти со борба за националните и државни интереси во контекст на евроинтегрирањето што треба да заврши според него на правните инструменти за борба, според Буџаковски нерарешените прашања се постојана закана за безбедноста на регионов. Ако не сами по себе, додава аналитичарот Муслиу тогаш можеби како искра на наталожените и неразешени проблеми.

„Мислам дека на Балканот се покажа дека и банални проблеми може да прераснат во конфликти. Така што, прашањата како погранични спорови итн, треба да се решат со поактивно вклучување на сите во тој процес, а не да се оставаат граѓаните самите да извлекуваат заклучоци кои можеби некогаш се и погрешни.“
XS
SM
MD
LG