Достапни линкови

Скопје: Односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се добри


Односите во коалицијата ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се добри, иако има поединци од двете партии кои мислат дека тоа не е најдоброто што го имаме, оцени премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата Алсат,М. Според него, последните полициски акции во Чаир и Арачиново, по убиството на еден полицаец во Скопје, не биле насочени кон припадници на одредена етничка заедница, туку биле извршени со цел потрага по криминалци.
XS
SM
MD
LG