Достапни линкови

Тбилиси: Грузија ќе потпише договор за стратешка соработка со САД


Грузија и Соединетите држави на четвртти идниот месец во Вашингтон ќе потпишат Спогодба за стратегиска соработка, соопшти грузиското министерство за надворешни работи. Со тоа, како што деновиве оцени Стејт департментот, администрацијата на претседателот Џорџ Буш сака да и помогне на Грузија во реформите на патот кон евроатланските интеграции. Спогодбата, според агенциите, била слична со онаа што во минатата недела ја потпишаа Соединетите држави и Украина и веројатно ќе предизвика остри критики на Москва.
XS
SM
MD
LG