Достапни линкови

Техеран: Божиќна честитка од иранскиот претседател


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ќе упати божиќна честитка на британскиот канал Ченел Фор, на кој секоја година кралицата Елизабета Втора ја упатува својата традиционална честитка до граѓаните. Во пораката, чии делови беа објавени вчера, иранскиот претседател, меѓу другото, вели: ,,Да е Исус сега на Земјата, нема сомнежи дека би го кренал гласот за правда и љубов за човештвото, со што би им се спротивставил на војувачите, терористите и тираните во целиот свет,,.
XS
SM
MD
LG