Достапни линкови

На Косово му претстои јакнење на внатрешен план и интегрирање во меѓународните институции


Премиерот на Косово Хашим Тачи во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека по прогласувањето на независноста, на Косово му претстои јакнење на внатрешен план и интегрирање во меѓународните институции. Тачи смета дека најнапред ЕУЛЕКС, а постепено и косовската влада, ќе ја спроведуваат својата власт и на северот на Косово.

Косовските институции во целост го почитуваат планот на Марти Ахтисари, како и Уставот, а планот од шест точки, договорен меѓу Белград и Обединетите нации нема никаква важност на Косово, изјави за Радио Слободна Европа косовскиот премиер Хашим Тачи додавајќи:

План од шест точки не постои, нема таков документ, ниту на маса, ниту во речникот на политичарите, тој не е наш приоритет, ниту приоритет на меѓународната заедница. Планот е дел од извештајот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун, а во тој извештај е и документот на косовските институции. За нас тој не е обрзувачки.

Вели премиерот Тачи, наведувајќи дека со доаѓањето на ЕУЛЕКС на северот на Косово, ќе уследи интеграција на тој дел од територијата.



По девет години чекање, меѓународните цивилни власти почнаа да ја спроведуваат својата власт на северот на Митровица. Набргу тоа ќе го сторат и легитимните косовски институции. Нема веќе да има паралелни и нелегитимни структури. Ќе дојде до интеграција на српската заедница во косовското општество и институции.

додаде премиерот на Косово Хашим Тачи кој во интервјуто за Радио Слободна Европа најави дека во наредниот период неговата влада ќе соработува со локалните срби и ќе работи на нивна интеграција.

Ние градиме демократска држава за сите нејзини граѓани. И србите се државјани на нашата република. Тие се дел од владата, собранието, но има уште многу да се стори во таа насока.

Одговорајќи на прашањето дали владата ќе соработува и со институциите што ги смета за паралелни, премиерот Тачи изјави дека треба да постои линија меѓу разговори и почитување на законите.

Ќе разговараме со сите легитимни претставници, но не и со луѓето кои го кршат законот. Тие ќе се се соочат со правдата.

Според премиерот Тачи, на Косово не постои поделба на власта меѓу косовските институции и меѓународната заедница. Притоа тој потсетува дека меѓународните мисии дошле на Косово по покана од Приштина и оти нивната улога е советодавна. Најавувувајќи дека наскоро Косово ќе стане членка на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, косовскиот премиер изрази уверување дека во блиска иднина Косово ќе биде дел и од НАТО, Обединетите нации и Европската унија.
XS
SM
MD
LG