Достапни линкови

logo-print

Полицијата нема информации


Македонската гранична полиција нема информации дека се случил инцидент на македонско-косовската границва кој го предизвикале жители на пограничното село Дебалде за кој објави вест косовската државна телевизија. Од МВР велат дека во текот на денов ќе стапат во контакт со косовските колеги за да се информираат за поединости во врска настанот. И Косовската полиција информации за инцидентот има само од медиумите и сеуште го нема проверено на терен покрај другото и поради непристапноста на тој дел. Ваквите инциденти се очекувани за нас но најважно е дека комисијата за демаркација на границата од двете страни сеуште ја работи својата работа и таа сеуште не е завршена, вели портпаролот на косовската полиција Ветон Елшани. Бехар Селими, член на мешовитата комисија за демаркацијата на границата вели дека комисијата во текот на денот ќе работи на утврдување на вистинитоста на информациите дека инцидентот го предизвикале мештаните кои биле незадоволни од поставените гранични столбови. Нивните првични информации се дека два погранични столба кај селото Дебалде се исместени. Доколку тоа се случило, тие ќе бидат вратени на местата на кои биле поставени а против лицата кои го направиле тоа ќе бидат преземени соосдветни мерки. Ние работиме во интерес на граѓаните и на двете држави и сакаме да воспоставиме граница која ќе обединува а не која ќе разединува, но многу е тешко да се постигне баланс и незадоволство се случува пред се поради стравот кај овие луѓе, вели Селими.

Работиме многу, заедно со македонската делегација и со меѓународната цивилна канцеларија на ЕУ да ги убедиме мештаните границата што побрзо да се постави и воедно да се биде одбрането правото на сопственост. Тие се уплашени дека ќе биде повредена нивната сопственост ќе биде повредена,

Вели Селими. Мештаните од пограничните села не веруваат дека ако нивната земја остане на македонска страна, ќе можат да ја поседуваат. Додека не заврши процесот, ние инсистираме граѓаните да бидат дел од него, додава Селими.
Аналитичарот Ризван Сулејмани вели дека недоверба се чувствува пошироко во односите меѓу институциите на Македонија и Косово кои сеуште според него не разговараат долгорочно и стратешки.

Самиот факт што после признавањето Република Македонија се уште не воспоставила дипломатски односи со Косово е еден индикатор дека довербата помеѓу двете држави не е вопоставена

За целосно одбележување на македонско-косовската граница останува уште околу 1 километар должина.
XS
SM
MD
LG