Достапни линкови

Преговорите во застој


На почетокот на месецов новиот македонски преговарач во спорот со името Зоран Јолевски се сретна со медијаторот Нимиц. Таа средба за мегусебно запознавање беше и полседната активност во процесот на преговорите.Одтогаш досега нема никакакво помрднување а преговорите се во застој. Дека во скоро време нема да се случува ништо ново на јавноста и соопштија и највисоките државно владини преставници. Премиерот Груевски кој речиси во секоја изјава повтрува дека Грција нема добра воља за изнаогање компромис рече дека спорот нема да биде репшен најмалку до втората поливина на идната година односно до изборите за европскиот парламент. Претседателот Црвенксовки пак во своето годишно обракање оцени дека во подолг временски период вистински преговори нема да има. Експертот по мегународно право Јана Лозановска вели дека оваа мртва фаза нема лошо да се одрази врз целиот процес.

Мислам дека во периодот им одговара и на двете страни, поради икс причини – внатре и надвор

Годинава што изминува пак беше инетзивна во однос на средбите во процесот кој се води под покровитслтво на обединтет нации. Но според аналитичарот Мерсел Биљаљи во домашната јавност тооа прашање било само навидум држено високо на агнедата бидејки како што вели владата немала желба да го реши.И тој слично како и премиерот не гледа можност за наогање компромис до врората половина на идната година, но за разлика од Груевски причините ги лоцира во македоснките избори и евентуалните предвреми избори во Грција.

Така што јас очекувам минимална шанса во втората половина на идната година да се реши ова прашање. Во спротивно ќе имаме дополнителни компликации и тензии во самата држава. Јас сакам да размислувам во правец дека ова прашање конечно ќе се реши. Ако не, тоа ќе значи уште една дополнително загубена година

Според Биљаљи доплнително врз интензитетот на преговоирте ке влијае и новата американската админитсрација која како што се прогнозира од почетокот на годинава нема да биде заинтересирана за македонско грчкото прашање поради домашните проблеми со светската економска криза. Во ваквата состојба на внатрешен и на надворешен палн која не ветува интензивирање на процесот на преговирте засега извесно е само дека на 19 Јанури ке започне судкиот процес во Хаг за тужбата која Македонија ја покрена против Грција поради кршење на временат спогодба. За тогаш е закажана првата официјална средба на македонските и на грчките застапници.
XS
SM
MD
LG