Достапни линкови

Стари шпекулации пред претседателските и локалните избори


Различните оценки за годишното обракање на претседателот Црвенкосвки кои ги дадоа пратенците од ВМРО ДПМНЕ од една и од ДУИ друага страна деновиве се дополнети и со шпекуалциите дека несогласувањата мегу владините партнери може да завршат со излегување на демократската унија за интеграција од власта. Високи фукнионери од ДУИ пак ги отфрлаат ваквите ифиормации. Дека има несогласувања не негираат но повикувајки се на легитиметот кој го добиле на изборите влеат дека е во интерс на граганите да останат во власта.
Шпекулациите за распад на коалицијата пак временски го врзуваат евентаулниот потег на ДУИ со мартовски претседателки и локални избори. Аналитичарот Хисен Рамадани една од причините за евентуалните гласини пак ја гледа токму во престојните избори. Според него можно е преку заострувањето на односите ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да сакаат да си го подбрат рејтингот кај своите гласачи

Во македонската јавност не е баш добро примена одлуката за партнерство со партија со која многу се конфронтираш. За ДУИ е интерес заострувањето пред изборите затоа што гласините за нејзина безгласност исто така имаат влијание во јавноста

ДУИ одкога е во оваа владина коалиција трпи големи критики од албанката јавност поради неостарените ветувања така што и реално може да се најдат причини за евентуалното излегување од власата смета Рамадани. Тој додава дека и мајскиот договор кој го потпишаа Груевски и Ахмети кога тој беше опозицинер не е целосно реализиран

Tоа што е постигнато врзано за јазикот и за некои други работи од албанска страна доста се ценат како плијативни решенија и компромис на штета на програмата на ДУИ

Демократската унија за интеграција две години се обидуваше да стане партнер на ВМРО ДПМНЕ а сега не постојат реални причини за нејзиното излегување од колицијата смета Политиколог Владимир Божиновски.

Moжеби на некој начин тоа е притисок што тие би сакале да го направат и да ги тестираат гласачите пред локалните и претседателските избори

Но доколку и дојде до расопад на коалицијата Божиновски смета дека нема да има големи проблеми во фукцинрањето на власта. Вели во тој случај ДПА би прифатила повторно партнерство

И едните и другите имаат различни причини за тоа. ДУИ секогаш сака да биде во власта сметајќи дека тие се носител на интересите на албанската етничка заедница бидејќи освоија најмногу пратенички места.Од друга страна ДПА смета дека тие се традиционален партнер како десна опција
XS
SM
MD
LG