Достапни линкови

Нова основа за меѓусебна соработка


Билатералните историски политички прашања со кои на патот кон ЕУ се соочуваат Македонија , Турција а сега и Хрватска поради неразрешени спорови со своите соседи би можеле да бидат нова основа за меѓусебна соработка на овие држави во исполнувањето на своите евроинтеграциски цели. Зацврсубвањето на нивното партнерство би можело да помогне, вели политикологот Јетон Шасивари.

Најпрвин во меѓународната политика на овие две држави ќе треба да има однос на партнерство и стратешко настапување кон Европа. И второ, на економски план – подлабочување на соработката и провлекување на странски ивестиции.

Допирни точки во остварувањето на своите аспитрации за членство во ЕУ меѓу трите држави можат да се најдат и од нив можеат да се изведе некаква редефинира соработка меѓу овие три земји, е на мислење и аналитичарот Ѓунер Исмаил.

Во Хрватска дилемите кон Европската унија се од еден вид, а околу Турција се разбира дилемите се од друг вид и таму дилемите се донекаде слични со нашите со тоа што кај забелешките за Турција, освен неколкуте клучни точки – состојбите со човечките права и слично, што се крајно метафизички, а во Турција се нарекуваат отпори на големиот христијански клуб

Турција и до сега и давала секогаш безрезервна поддршка на Македонија која не секогаш е добро искористена, сметаат експертите. Од друга страна, во целата приказна може да се смета дека Хрватска има свои традиционални партнери како што се Германија и Австрија на чија поддршка ќе смета и во оваа прилика, велат експертите. Сепак, домино ефектот на ваквите проблеми би можел да продолжи. Доколку на пример Србија добие блокада од Хрватска а такви сценарија се случат и со останатите Балкански аспиранти за ЕУ. Сепак додека македонските власти се држат до македопнско-грчкиот спор за името како основна пречка за напредување европските претставници сеуште вниманието го свртуваат кон исполнувањето на критериумите. Фер и демократски избори, конструктивен политички дијалог, реформата на судскиот систем и јавната администрација, намалување на невработеноста – бара од нас Европската унија.
XS
SM
MD
LG