Достапни линкови

Атина: Нови судири околу Политехничкиот факултет


Доцна синоќа, по митингот на младите атињани, собрани околу училишната зграда во квартот Ексархија, каде на 6 декември беше убиен 16-годишниот Алексис Григоропулос, избувнале нови судири и тоа околу Политехничкиот факултет во Атина. По митингот за бдеење, во кој според агенциите, учествувале 600 лица, момчињата почнаа со фрлање камења и молотови коктели врз силите на редот и палеле контејнери со ѓубре. Според податоци на телевизија Атина, кон грчките анархисти се приклучиле и нивните истомисленици од европските земји, специјално пристигнати во Атина.
XS
SM
MD
LG