Достапни линкови

Под силно влијание на партиската моќ


Некои велат дека се започна од меѓусебното обраќање на политичките лидери и од начинот на меѓусебното обраќање на граѓаните. За дел од познавачите на приликите сето ова е поприлично надополнето од социјалниот амбиент и од македонскиот менталитет во чијашто основа премногу упорно и долго работи стравот. Како и да е, денеска во Македонија пред замирање се професиите како и јавно искажаното професионално мислење. Се е сместено лево или десно и е во жестока борба со вистината која никогаш нема толку тврда позиција, туку е категорија во чие барање учествува критичкиот ум / слобофден и полн со вистински вредности и предзнаења. Левото и десното ја сакаат својата вистина и не сакаат да чујат ништо што е надвор од тоа. Во тој мал меѓупростор меѓу левото и десното денеска во Македонија одвај егзистираат неколкумина кои којзнае како си создале можност за независно делување. Наместо пред можностите на слободната мисла и говор, на можностите кои ги нуди професијата и знаењето, умните и посветените на својата професија се наоѓаат пред нови можности кои за потребите на денешната емисија претседателот на Унијата на албанските интелектуалци во Македонија Авзи Мустафа ги формулира користејќи се со Харолд Пинтер: умните денеска се пред нови можности, вели тој, да молчат и да се прават луди, да протестираат или да стојат настрана и да гледаат како се злоупотребуваат вредностите од нивната работа. Што е најважно во концептот на интелектуалецот или на секој индивидуален професионалец денес?
Тој денеска ми се чини го сочувува тоа дали станува интелектуалец или само фактот дека има една диплома, некаква магистратура или докторат, но во целиот свој живот не го изразува своето критичко мислење за сите неубави работи што се случуваат во нашето општество. Тој дури нема никаква можност да го бара она што му следува дури и од својот наставно-научен совет
вели Мустафа.
Либералниот концепт на либерализмот се руши во наследениот колективизам. Сега поделен на две страни и во македонскиот и во албанскиот тнр. политички болк. Како да не сака да ја испушти алатката која воспоставува сигурност во владеењето врз основа на воспоставена контрола. Партиските табори одлучуваат кој е паметен и кој треба во одреден момент да постигне професионален успех.
Не му даваат да објавува иако тој веќе има створено име во општеството. Сепак треба од некоја комисија која е формирана од страна на политчките партии да решава за некое име кое навистина придонесло во општеството. И тоа за мене е разочарување. И тоа некои вистински интелектуалци не дозволуваат да се девалвира неговото име и затоа не конкурираат во издавачката дејност, во научната дејност - чекаат да дојдат подобри времиња
Чекаат да дојдат подобри времиња... Ни го насочува погледот Авзи Мустафа кон неприлагодливите кои станува се потешко да се лоцирааат.
Чекаат добри времиња, веројатно. Не знам, ги има насекаде, меѓутоа, некои се прилагодуваат кон новите вредности а некои успеваат со упорност и со мотивираност да ги надминат тие препреки и нивните вредности да дојдат до израз
додава аналитичарот Ана Мицковска.
За да може да се види каде се или што можат, треба во Македонија да постои институтот јавно мислење. Инаку не можете да ги лоцирате. Бидејќи Македонија има мала читачка публика, Македонија има ниско ниво на критички дух, така што тоа што може да се манифестира зависи од тоа колкава е моќта на јавното мислење
коментира социологот Ѓорѓи Тоновски.
Што е тоа што ја ограничува слободата? Трендот зема голем замав па од сферата на мислата и говорот продолжува во сферата на постапките, на вработувањето и на се друго. Лојалноста кон партијата ги зголемува привилегиите, нуди работно место, подобри позиции. Сиромаштијата е една од причините.
Мислам дека е пошироко, мислам дека дури станува збор и за менталитет. Луѓето не само што се плашат од сиромаштија, што се плашат за работни места и така натаму, туку нешто има и во менталитетот што нас не краси како народ. Не сме склони секогаш јавно да кажеме со што се согласуваме а со што не се согласуваме. Повеќе сме храбри да го прошепотиме тоа во брадата отколку да го кажеме тоа пред поширок собир. Не само интелектуалците туку и медиумите и обичниот народ – сите се оптоварени со доза на еден таков менталитет, кој што во себе носи и доза на страв, и доза на подозривост и несигурност
вели Тоновски.
Од друга страна, јавно искажаниот став се минимизира и омаловажува, што на подолг рок го обесхрабрува се повеќе. Понекогаш му се дава конотација на антидржавен.
Од страна на експертите постои страв да не бидат осудени како поддржувачи на една или друга страна, на една или друга партија, па така на пример, многу често се случува ако ставот на експертите е про партијата која е на власт тие да се етикетираат како провладини, ако е контра да се карактеризираат како опозициски, така што на крајот на краиштата она што го кажале останува во позадината , а она што доминира е нивното етикетирање. Се поставува прашањето кој е ефектот од нивните ставови и конструктивни критики?
вели Мицковска.
Европската Унија го лоцираше овој македонски проблем. Споменуван е во извештаите на Европската комисија. Евроамбасадорот Ерван Фуере го нагласуваше повеќе пати во последниот период. Македонските интелектуалци се плашат да дадат свое мислење за актуелната политичка состојба во земјата, реагираше Фуере, упатувајќи на тоа дека конструктивниот критицизам е еден од главните двигатели, како што рече, на едно здраво демократско општество – без оглед дали доаѓа од граѓанското општество, од деловната заедница или од медиумите. Одговорноста на владата е да ги послуша ваквите критики, па дури и да ги прифати. На овој начин владата ќе го промовира отворениот дијалог и ќе го олесни духот на градењето консензус помеѓу сите политиќки партии и актери во општеството, вклучувајќи ги и медиумите.
Ако насекаде, а особено во државната администрација се примаат само партиски претставници, се губи континуитетот во нејзиното работење и ние се враќаме постојано назад, поссочуваат експерите. Така тешко ќе го достигнеме европското барање за професионална администрација која ќе ги имплементира европските политики, вели Мицковска. Во реалноста со превртени вредности и индивидуални цели се мешаат концептите на планирање на иднината. Образованието е слаба и сосема недоволна препорака за идните постигања. Воспитанието во таа насока ја губи смислата, а граѓаните вербата.
Своите ги примаат со изговор дека се членови на партија а другите ако мислат дека се способни пак ги тераат да бидат членови на партијата и така
Треба да бидеш активист на некој партија па да опстанеш во оваа држава

Аналитичарот Ана Мицковска во овој контекст ги гледа како залудни препораките до младите дека образованието вреди и нуди подобра иднина.
XS
SM
MD
LG