Достапни линкови

logo-print

Повлекување од Ирак, зајакнување на присуството во Авганистан


Од учеството во меѓународните мисии РМ и нејзината армија имаат повеќе придобивки, иако не ја постигнавме крајната цел – зачленување во НАТО, сметаат експертите. Најпозитивниот ефект од мисиите во Ирак и во Авганистан е тоа што припадниците на нашите контингенти таму се обучуваат во вистинска ситуација и во реално време, вели воениот аналитичар Благоја Марковски

Втората придобивка е што во овие мисии Република Македонија сепак се покажа како произведувач на мирот, а не само како земја на која и се потребни туѓи сили за воспоставување на мир во земјата

Сепак, вели Марковски, активноста на Македонија на ова поле не придонесе многу за нашите аспирации да станеме членка на Алијансата. Политикологот Ризван Сулејмани пак смета дека учеството во овие мисии е важно за секоја земја, но оти тоа е само знак на солидарност и дека има уште многу други критериуми кои треба да се исполнат. Кај нас, вели тој, постои погрешен впечаток дека само со тоа може да се добие покана за членство. Македонија сепак не е моќна воена сила без која НАТО не може, вели Сулејмани

Македонија може да придонесе за НАТО најмногу ако самата произведува мир, а не да извезуваме мир во Ирак и на други места а овде да создаваме кризи. Ако една земја самата произведува криза внатре, колку и да даде војници надвор – џабе е

Сепак, експертите се согласуваат дека учеството на Македонија во вакви мисии е корисно и оти треба да продолжи нашето воено присуство во креирањето на мирот во кризни региони.
Инаку, македонската армија го заврши учеството во мисијата Слобода за Ирак, во која од јуни 2003-та година партиципираа 479 нејзини припадници. Со тоа, велат во министерството за одбрана, Македонија уште еднаш ги потврди своите напори во градењето на мирот и стабилноста во светот, давајќи огромен придонес во борбата против тероризмот. Оттаму нагласуваат дека за успешноста на нашите контингенти доволно говорат и 98- те одликувања добиени од САД. Во меѓувреме, за јануари се подготвува испраќање на нова единица на армијата за учество во мировната операција ИСАФ во Авганистан. Аналитичарот Благоја Марковски ја оценува безбедносната состојба во Ирак и Авганистан и истакнува
Штом одите во кризен регион, тогаш возможни се секакви ситуации, па и со многу непожелни последици. Меѓутоа, глобално гледасјќи состојбите во Авганистан се многу поповолни за извршување на мировни мисии во однос на она што го имавме во Ирак
XS
SM
MD
LG