Достапни линкови

Брисел: Средба НАТО - Русија на високо ниво


НАТО и Русија денеска ќе одржат први контакти на високо ниво откако Алијансата ги замрзна врските со Москва по интервенција во Грузија, во август, годинава.
Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер ќе се состане со рускиот амбасадор во Северноатлантскиот сојуз Дмитриј Рогозин во настојување да ги обноват заемните нарушени врски, соопшти претставник на Алијансата.
Претставници на 26 држави-членки на НАТО, овој месец, се договорија постапно да почнат со воспоставување контакти со Русија.
XS
SM
MD
LG