Достапни линкови

Скопје: Свечен пречек на македонските мировници од Ирак


Македонските војници од последниот контингент во Ирак денеска свечено ќе бидат пречекани во Скопје, со што и официјално ќе заврши учеството на Македонија во оваа мировна мисија. На свеченоста во касарната „Илинден“, попладнево обраќање ќе има претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, соопшти неговиот кабинет. Најавено е присуство на свеченоста и на премиерот, Никола Груевски, министерот за одбрана, Зоран Коњановски и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
XS
SM
MD
LG