Достапни линкови

logo-print

Словенија ќе ги блокира пристапните преговори на Хрватска


Словенечкото блокирање на хрватските пристапни преговори во Европската Унија е потег без преседан во историјата на преговорите за членство во Унијата изјави хрватскиот премиер Иво Санадер, со надеж дека Љубљана ке се премисли. Имено за утре во Брисел, словенечката влада најави дека ке ја блокира Хрватска поради поглавјата во кои се преудицира решението на граничниот спор, како и од некои други прични. Официјален Загреб е сепак оптимист.

Словенечкиот премиер Борут Пахор најави дека Словенија на пристапната конференција Хрватска - ЕУ утре во Брисел ке блокира седум поглавја во кои според Словенија се преудицира решение на долгогодишниот граничен спор како и 4 поглавја од други причини а согласност ке даде за отворање односно затворање на вкупно 4 поглавја од претпристапните преговори на Хрватска во Европската Унија.
Доколку не го смени својот став, Љубљана ке покаже исклучивост која е во расчекор со основните темели на солидарноста во ЕУ, смета хрватскиот Премиер Иво Санадер кој сепак е оптимист дека ова нема да го забави хрватскиот пат кон Унијата и дека Загреб ке ги заврши преговорите, според предвиденото до крајот на следната година.

Пред се нема место за страв. Ние не се плашевме и во потешки времиња а камо ли сега.Мислам дека тоа нема да биде добро пред се за Словенија. Јас сакам Словенија да ја подржи Хрватска. Тоа би бил израз на пријателство. Ако тоа не го направи – ке видиме како натаму. Нема светот да пропадне.. Гарантирам дека Хрватска навреме ке ги заврши преговорите, без оглед на ова што сега се случува.

Граничниот спор Словенија – Хрватска долго време е проблем за добрососедските односи што пак е неопходно за Европската Унија. Прашањето е од каде хрватскиот премиер го црпи оптимизмот. За тоа зборува поранешниот долгогодишен министер за надворешни работи на Хрватска Мате Граниќ.

Он тоа може да го темели само врз една работа а тое дека ја има подршката на Соединетите Американски Држави и водечките чланки на Европската Унија. Словенија во оваа фаза сигурно може да го забави процесот. Но, од друга страна, цврсто верувам дека со силна дипломатска акција тој проблем може да биде решен.

Хрватите веруваат и дека нивниот пат ке биде забрзан кон Унијата и поради таканаречениот Ирски Протокол во врска со Лисабонскиот договор а кој треба да биде приклучен кон хрватскиот договор за приклучување во Европската Унија. Во Загреб не веруваат и дека поради граничниот спор, Словенија евентуално да го блокира хрватското членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG