Достапни линкови

Фалуџа: Дожд од чевли врз американски маринци


Шестмина американски маринци се пресретнати од дожд од обувки кога влегувале во универзитетот во Фалуџа за да се сретнат со неговиот ректор. Војниците, кои имале претходно договорена средба со ректорот, се појавиле точно кога студенти од правниот факултет организирале протест во поддршка на новинарот, приведен од неделата во ирачки затвор затоа што со двете свои обувки го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш за време на неговата посета на Багдад.
XS
SM
MD
LG