Достапни линкови

Чикаго: Врховниот суд на Илиноис одби да го острани од функцијата гувернерот Благоевиќ


Врховниот суд на државата Илиноис одлучи да не го отстранува од функцијата гувернерот Род Благоевиќ, кој е осомничен дека се обидел „да го истргува“ ослободеното место од Барак Обама во Сенатот на САД. Главниот обвинител на Илиноис Лиса Мадиган побара во петокот Врховниот суд на земјата да го отстрани од должност гувернерот. Врховниот суд на Илиноис го отфрли барањето на главниот обвинител без јавно да ја коментира својата одлука. Парламентот на Илиноис започна во понеделникот сопствена истрага против Благоевиќ, за да се провери дали има основа за импичмент. Гувернерот, кој беше уапсен на 9 декември, одби да поднесе оставка и покрај обвиненијата.
XS
SM
MD
LG